Зелена радост “Под Тумбе Кафе“, Трајчевски е херојот… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

652

Пелистер на најсладок можен начин успеа да се пласира во полуфиналето на Купот на Македонија. И тоа преку својот вечен ривал Вардар, и тоа на пенали. Откако по истекот на „регуларниот“ дел од последниот четвртфинален меч во Купот, Пелистер успеа во пенал – серијата да слави со 3:2, а херој беше голманот Филип Трајчевски одбрани два од трите нереализирани пенали на Вардар.

Па така може да се каже дека токму Трајчевски го однесе својот тим во следната фаза во Купот на Македонија.

На Вардар сега му останува да се надева дека во пролетниот дел ќе успее да ја мине Воска во ВМФЛ – ЗАПАД и така да избори бараж за пласман во елитата.

Колку за потсетување. Вардарци чекаат од 2007 година пехар или финале во Купот, тоа значи дека ќе почекаат барем до следната куп сезона.

ПретходноВлегол само да уплати спортска, а завршил со СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ од речиси 10 милиони денари
СледноВирус ги покоси ТФТ и ФМП Академија, БИБЛ ги одложи натпреварите