Милевски пред ждрепката во Нион за ЛН: Немам посебни желби, сите селекции се квалитетни!

515

Утре во Нион во 18 часот ќе се одржи ждрепката за третото издание во Лига на Нации. Познато е одамна дека Македонија се наоѓа во Ц- Лига Нации и дека пред утрешната ждрепка се наоѓа во вториот шешир или ПОТ-2 заедно со селекциите на Грција, Белорусија и Луксембург, што значи овие селекции не можат да ни се паднат за ривали.

Од првиот шешир за ривали можеме да ги добиеме Турција, Словачка, Бугарија и С. Ирска. Од третиот шешир тука се Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово, додека од четвртиот шешир или ПОТ 4 за ривали може да се паднат селекциите на Казахстан/Молдавија, Кипар/Естонија, Гибралтар и Ф. Острови.

За тоа какви се желбите и кои селекции би сакал да ги добие за ривали во Ц – Лигата на Нации, свој коментар за „Спортмедиа“ има селекторот Благоја Милевски.

Како и секогаш и сега ќе кажам дека не би сакал да искажувам свои желби околу ждрепката. Кој и да се падне ќе мораме да играме против него. Јасно е дека има тука силни селекции од типот на Турција, Словачка… но и останатите ги респектираме. Секако дека и сами себе си се респектираме. Ова е важно натпреварување, во преден план следната година секако е мартовскиот бараж за СП во Катар, а потоа во јуни следуваат и првите мечеви во Лигата на Нации“ изјави Милевски.

Да кажеме дека во првиот настап во Лигата на Нации, нашата репрезентација играше во Д сегментот и успеа преку ова натпреварување да стигне до пласман на ЕП, додека во второто издание игравме во Ц сегментот и малку недостигаше да се пласираме во Б- Лигата, но загубивме во решавачкиот меч од Ерменија на Кипар. Па затоа по вторпат ќе играме во Ц сегментот.

ПретходноТурците најавуваат: Алиоски доаѓа во Трабзонспор!
СледноЛидерот во АБА 2-лига нов предизвик за Пелистер