Илија Несторовски во зимскиот преоден рок би можел да се пресели во Серија Б, односно во тимот на Парма. Македонскиот репрезентативец откако подолго време беше во „аут“ поради повредата, по враќањето добива сосема мала минутажа во дресот на Удинезе, па затоа можно е да си замине од Удине и да се пресели во Парма. Медиумите во Италија шпекулираат дека клубот од „Енио Тардини“ сериозно е заинтересиран за услугите на Нестор – гол.
Тоа значи дека, ако се случи овој трансфер, Македонецот би можел да биде во ист тим со Џиџи Буфон, кого во 2016 година на мечот Македонија – Италија на Арената, успеа да го совлада.
ФОТО: Ilija Nestorovski Facebook