Репрезентацијата на Норвешка избори пласман во полуфиналето на Светското ракометно првенство и закажа дуел со домаќинот Шпанија. Норвежанките имаа фантастична вечер во дуел со Русинките и ги победија со 34:28.
Најдобрата норвешка ракометарка во моментов Нора Мерк имаше своја вечер. Таа постигна дури девет голови и практично сама ја предводеше својата екипа до триумф.
Во победничкиот табор се истакнаа уште Солберг со 7 гола и Дале со 5. Кај Русинките најефикасни беа Маркова и Скоробогаченко со по 4 гола.