33-тото издание на Купот на африканските нации треба да се одржи меѓу 9 јануари и 6 февруари во Камерун. Но, деновиве сомнежите за одржувањето на овој настан се зголемуваат. Како што објави РМЦ Спорт, веројатноста за откажување на КАН 2022 значително се зголеми во изминатите неколку недели.
Африканската фудбалска асоцијација (КАФ) се очекува наскоро да излезе со свој став, со оглед на ситуацијата со Ковид-19. Дополнителните потешкотии за организација на овој голем настан особено по појавувањето на новата варијанта Омикрон, ги стави под прашалник и случувањата на африканскиот фудбалски турнир.
КАФ има проблем и со обезбедувањето на фудбалерите кои играат во англиската Премиер лига. Имено, во спорот со бројни англиски клубови, може да се случи голем број од играчите кои треба да учествуваат во Купот на африкански нации да мора да одат по две недели во карантин кога ќе се вратат на британска почвата. На тој начин, играчите ќе бидат речиси целосно недостапни за клубовите во јануари и февруари.