Тимот на Работнички откако заврши есенската полусезона во ПМФЛ како и сите останати ќе се обиде да направи промени во составот и истиот да го направи поквалитетен за напролет.
Резултатите периодов не беа оние очекуваните, па затоа и нормално е да има рокади во ростерот.
Управата на клубот стартуваше со промените со интернационалецот од Белорусија, Александр Позњак. Тој повеќе не е дел од тимот на Работнички и ќе мора да се бара сега ново решение на стоперската позиција. Таа е една од проблематичните во тимот зимава, затоа што пред Позњак веќе си замина и Алескандар Ристевски.