Уште едно реми на „ВЕЧНИТЕ“, по фудбалот, вечерва и на ракометот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

466

Двојниот дуел на Пелистер и Вардар денеска во Битола заврши без победник. Реми на куп-натпреварот меѓу “ВЕЧНИТЕ“ со резултат 0:0, но со севкупна и тоа пенал – победа на битолчани, кои се пласираа во полуфиналето до Купот на Македонија.

Вечерва исто реми и тоа на мега – пресметката меѓу нашите ракометни гиганти Е. Пелистер и Вардар со резултат 27:27. Вистинска драма се случуваше во финишот, домашните пред својата раздрагана публика водеа со 27:26, но на неколку секунди до крајот Дибиров од пенал му донесе реми на Вардар, за тага на битолските ракометни фанови.

Интересно, по првото реми, она фудбалското, се разбира повеќе славеа и имаат зошто, фудбалерите на Пелистер, додека по ова второто реми, ракометното, славеа и тоа како зошто се спасија од пораз, гостите од Скопје.

Инаку самиот меч беше одигран во убава атмосфера, пред полна сала, со двете навивачки групи. Одамна не сме имале полна сала во спортска Македонија.

ПретходноТрилерот во Битола без победник: Дибиров го спаси Вардар од пораз
Следно„Комити“ со порака: Вардар ги собра Битолчани на едно место…се спомнаа и сестрите! (ФОТО)