Македонската футсал репрезентација одигра 2:2 против Црна Гора на првиот контролен натпревар во “Борис Трајковски”. Селекторот Васко Скендеровски на оваа средба им даде шанса на голем број играчи од домашното првенство и виде со што располага пред почетокот на квалификациите за СП.
Гостите водеа со 1:0, нашата селекција промаши пенал за израмнување во првиот дел.
Адријан Мицевски и Иван Крстевски донесоа пресврт во продолжението, Црна Гора израмни во 32’.
Утре во 17:30, двете селекции ќе се соочат на вториот контролен меч.