Е.Пелистер 2 не го дава четвртото место на табелата во Супер-лигата. Од гостувањето кај Т.Пролет си заминуа со убедлива победа од 29-32 во рамките на 15. коло.
Македонскиот репрезентативец, Цветан Кузманоски одигра уште еден одличен натпревар. Овој пат со десет гола беше нерешлива енига за противникот, зад него беше Ѓорговски со шест погодоци. Кај Пролет, Голубовиќ имаше шест гола.
Битолчани беа подобар противник во поголем дел од мечот, по првото полувреме имаа предност од еден гол (15-16). Неколку минути по одморот со серија од 4-0 поведоа со 17-21. Домашниот тим не најде начин да направи целосен пресврт, дојде само до гол разлика, ништо повеќе.
Ова беше последен меч од 15. коло, Е.Пелистер го запиша деветиот триумф, додека Пролет седмиот пораз.