Илиески ќе го засили Работнички!?

381

Спортмедиа дознава дека тимот на Работнички во тековнава зимска пауза ќе се засили со екс Македонскиот младински репрезентативец, Дарко Илиески.

Сега веќе екс играчот на Словенечки Копер, од пред неколку дена е слободен играч и според нашите информации се враќа во домашниот шампионат поточно во тимот од Дебар Маало.

Таму веќе на големо се прават промени во играчкиот кадар откако веќе си заминаа стоперите Александар Ристевски и интернационалецот од Белорусија, Александр Позњак.

Илиески со успех настапуваше во екипите на Шкупи, Пелистер, Победа, Металург….

ПретходноПроблеми во Реал Мадрид, петмина заразени со Ковид
СледноТренерот на Брендфорд: Одложете го цело коло