МЗТ Скопје дојде до петата победа во второлигашката конкуренција на Јадранот. Избраниците на Дарко Радуловиќ го совладаа Спарс со 77-87 и останаа на второто место на табелата, на бод зад лидерот Борец Бања Лука.
Македонскиот првак доминираше речиси во текот на целиот меч, имаше слабости, но знаеше како да го сочува водството до самиот крај.
„Имавме ситуации кои ги решивме под кош, но и погодивме од надвор, шутот за три поени е нашето најсилно оружје. Честитки до противникот за добрата игра. Скокот ни беше проблем, но ја имавме контролата на натпреварот. Заслужено победивме“, изјави Радуловиќ.