Барса најде неверојатен начин како да се ослободи од Де Јонг

3822

Лук де Јонг во последните денови од преодниот рој дојде на позајмица во Барселона од Севиља, што пак беше шок за навивачите на клубот.

Роналд Куман инсистираше да дојде холандскиот напаѓач, на оваа негова одлука се согласи и Жоан Лапорта.

Де Јонг беше стандарден додека Куман го водеше тимот, но целосно потфрли на теренот. По тренерската смена и доаѓањето на Чави тој го загуби местото на првотимец, настапи дури во минатото коло против Осасуна на местото на повредениот Депај.

Каталонците планираат да го вратат во Севиља во јануари, но раководството на овој клуб веднаш ги одбиле. И Деј Јонг сака да си оди, нема намера да седи на клупата.

Единствено решение во овој момент е некој друг клуб од Барселона да го откупи вториот дел од позајмицата. Мундо Депортиво објави дека тоа не е невозможна мисија. Фенербахче покажал интерес за него, турскиот гигант е во контакт со Барса и Севиља, се обидуваат да најдат решение за да позајмицата се оствари.

Де Јонг нема ништо против да оди во Фенер, бидејќи е свесен дека таму ќе има поголема минутажа.

ПретходноУште една ракометарка исчезна на Мундијалот
СледноНајлудите пет секунди во НБА и тројка која не се памети во последните 25 години (ВИДЕО)