И нема дилеми. И тоа какво дерби ќе биде тоа во Лигата на Нации меѓу Македонија и Бугарија, има и зошто. Па така веднаш штом се дознае дека тие играат со Македонија, медиумите кај нашиот источен сосед најавуваат ЖЕСТОКО дерби со Македонија.
Нивниот селектор Јасен Петров пак е среќен по ждрепката. Еве го неговиот прв коментар по вестите од Нион, и за тоа дека Бугарија ќе игра со Македонија…
“За мене ждрепката е исклучително добра. Не потценуваме никого, но нашата цел е јасна, прво место во групата. Имаме респект за било кој ривал, но ние сме подготвени за сите предизвици“ истакна покрај другото Петров.
ФОТО: Trud.bg