Короната прави ХАОС во Премиер-лигата, клубовите бараат прекин на сезоната!

218

Не запира, напротив, кризата во Премиер – лигата поради Ковид-19 и натаму продолжува. Речиси и да нема клуб во кој нема позитивни. Бројките се високи, а натпревари се одложуваат од час во час. Па така најново е тоа што е одложен мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Брајтон кој што требаше да се игра во сабота, е одложен. Попладнево одложен беше и мечот кој што вечерва требаше да се игра меѓу Лестер и Тотенхем. Да потсетиме дека завчера беше одложен и дуелот меѓу Брентфорд и Јунајтед.

Никој веќе не знае што ќе се случува во следниот период, некои клубови бараат и прекин на сезоната, барем на извесен период, но се зависи од челниците на Премиер – лигата.

ПретходноСамо Куртоа е подобар од Димитриевски во Ла Лига!
СледноЧеферин: УЕФА се извинува за грешката при ждрепката во ЛШ!