Мечот од денешната програма во Премиер лигата кој требаше да се игра вечерва помеѓу екипите на Лестер и Тотенхем поради коронавирусот нема да се одигра, односно ќе биде одложен.
Ова за Тотенхем е трет меч во серија како е одложен затоа што не е одигран мечот од Конференцијата лига против Рен, па потоа мечот од Премиер лигата против Брајтон, а еве сега нема да се одигра во планираниот термин ниту мечот против Лестер.
Тотенхем мака мачи со коронавирусот, десетина членови на овој клуб се заразени, а дополнителниот термин допрва треба да биде објавен.