МЗТ Скопје во нов поход на Сараево – на дневен ред е Спарс

122

Македонскиот првак вечерва (21 часот) продолжува со мечевите од АБА 2-лига. По триумфот над Хелиос, избраниците на Дарко Радуловиќ силите ќе ги одмерат со Спарс Сараево, домаќинот на третиот „балон“ оваа сезона.

Нови бодови за МЗТ Скопје ќе значат сочувување на второто место на табелата во ова натпреварување. Во дуелот со босанскиот тим влегуваат како фаворити, пред се поради историјата на пресметки.

Двата клуба имаат одиграно седум меча до сега, шест од нив им припаднале на „сино-белите“, Спарс славеше на еден натпревар, и тоа минатата година (76-68), дполнителен мотив за кошаркарите на МЗТ Скопје на вечерашната пресметка од шестото коло.

Спарс „балонот“ го отвори со победа над Сутјеска, која беше трета во АБА 2-лига, додека актуелниот македонски првак има четири триумфи.

ФОТО: АБА 2/Невена Стјепановиќ

ПретходноДенеска ждрепката во Лига Нации: Бугарија, Косово и Гибралтар би била добра група за нас!
СледноПоради Ковид-19, се откажува Афричкиот Куп на Нации