МЗТ Скопје не запира, падна и Спарс (ФОТО)

181

МЗТ Скопје продолжи во победнички ритам во Сараево, во рамките на шестото коло во АБА 2 лига го совлада Спарс со 77-87. Со овој триумф македонскиот првак ја продолжи битката за лидерското место во ова натпреварување, има пет победи и само еден пораз, и се наоѓа зад Борац Бања Лука, кој засега е перфектен.

И на оваа средба број еден стрелец беше Вер, зад своето име запиша 25 поени, зад него е Рикиќ со 17 поени, Мекиќ запиша 12 поени.

Избраниците на Дарко Радуловиќ целосна контрола на резултатот превземаа пред крајот на првата четвртина, со серија од 7-0 поведоа со 17-24. Во вториот период доминираа на теренот, трипати дојдоа до двоцифрено водство од 22-32 и 24-34, на одморот МЗТ Скопје ги имаше највисоките плус 12 (37-49).

Токму по еден ваков позитивен расплет, „сино-белите“ имаа лош вовед на третиот период. Спарс серија од 9-0 се доближија на 46-49 за две и пол минути игра. Дамјан Стојановски со тројка го прекина налетот на противникот (46-52), а по што МЗТ Скопје успеа да се врати на стартиот ритам, со поените на Рикиќ да дојде на двоцифрено водство (50-61) во 27 минута.

Ниту оваа позитива не беше доволна за мирен финиш, Спарс со серија од 7-0 намалија на 67-68 на стартот на последната четвртина. Крстевски, Рикиќ и Вер го разбудија својот тим, вратија на ист начин за 67-75. Спарс притискаше, имаше шанса да израмни, но грешеше исто како и „сино-белите“. На крајот бодовите заслужено одат на контото на македонскиот тим.

Во последниот меч од „балонот“ во Сараево, МЗТ Скопје игра против Ловќен, мечот е закажан за во недела (19 часот).

ПретходноНаполи го продаде дефанзивецот Манолас
СледноЧелзи освои бод со Евертон, Ливерпул со пресврт го победи Њукасл (видео)