Најлудите пет секунди во НБА и тројка која не се памети во последните 25 години (ВИДЕО)

4165

Двата најлоши тимови од Западната конференција го одиграа еден од најлудите завршници во историјата на НБА лигата.

На четири и пол секунди до крајот Оклахома против Њу Орлеанс имаше 110:107, Шаи Гилгеус-Александар  погоди тројка од речиси половина терен надвор од тешка ситуација. Се очекуваше продолжение на 1,4 секунди до крајот.

А потоа се случи чудо нарешено Девонте Грем, ја зеде топката под кошот, направи неколку чекори и од повеќе од 18 метри преку раката на противникот ја исфрли топката, која заврши во кошот на домаќините.

Шутот на Грем е најдолгиот кош постигнат со звукот на сирена во последните 25 години, исто така за првпат е видено во последните пет секунди да се постигнат две тројки од повеќе од девет метри.

Портланд – Мемфис 103: 113
Сакраменто – Вашингтон 119: 105
Јута – ЛА Клиперс 124:103
Денвер – Минесота 107:124
Сан Антонио – Шарлот 115: 131
Оклахома – Њу Орлеанс 110: 113
Милвоки – Индијана 114: 99
Далас – ЛА Лејкерс 104: 107 (п)
Филаделфија – Мајами 96: 101
Орландо – Атланта 99: 111
Кливленд – Хјустон 124: 99

ПретходноБарса најде неверојатен начин како да се ослободи од Де Јонг
СледноПелистер го натера екс-стратегот на Соколи на сочни „пцовки“: Мајмуни, ќе ви е**м…(ВИДЕО)