Пелистер го натера екс-стратегот на Соколи на сочни „пцовки“: Мајмуни, ќе ви е**м…(ВИДЕО)

462

Пелистер не успеа да го совлада лидерот на табелата во АБА 2-лига и да му го нанесе првиот пораз оваа сезона. Борац Бања Лука во втората четвртина имаше водство од двоцифрени 11 поени (25-36), но битолскиот состав успеа да дојде до 37-36.

Овој момент го налути екс-стратегот на Карпош Соколи, Драган Николиќ, кој сега го води токму лидерот. Тој приреди невиден тајм-аут, на кој испрати сочни пцовки, своите кошаркари нарекувајќи ги мајмуни. Овој момент брзо се рашири на социјалните мрежи.


Подоцна Борац заигра подобро и победи со 101:86. Николиќ го коментираше и тајм-аутот.

„Тајм-аутот не зборува за мене, јас сум духовит човек. Им се извинувам на сите кои имаат нежен слух и мојот говор ги навреди. Знам дека ќе има разни коментари“.

ПретходноНајлудите пет секунди во НБА и тројка која не се памети во последните 25 години (ВИДЕО)
СледноДенеска ждрепката во Лига Нации: Бугарија, Косово и Гибралтар би била добра група за нас!