Египетскиот напаѓач Мохамед Салах даде гол против Њукасл вечерва и со тоа изедначи рекорд кој досега го дреже Џејми Варди од Лестер. Поточно Салах дал гол или запишал асистенција на 15 натпревари по ред во Премиер лигата.
На 10 меча погодил, а на уште пет запишал асистенции. Попрецизно на последните 15 натпревари египетскиот голгетер постигнал 13 гола и 8 асистенции. Претходно вакво нешто му успеало на Варди во шампионската сезона на Лестер.