Само Куртоа е подобар од Димитриевски во Ла Лига!

167

Не е тајна дека нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски има фантастична есен во дресот на Рајо Ваљекано во Ла Лига. Тоа го кажуваат и бројките, па така според рангирањето на “Марка“ за трофејот најдобар голман во Ла Лига, Македонецот во моментов се наоѓа на втората позиција, веднаш зад Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид. Оваа бодување или рангирање е поради традиционалниот трофеј „Замора“ за најдобар голман во Шпанија.

Столе настапил досега на 17 меча, примил 18 голови, има 49 интервенции и два одбранети пенали.

Сето ова го држи засега на вторта позиција, веднаш зад голманот на “кралевите“.

ПретходноСтруга ТЛ со заеднички ручек со газдата на клубот стави крај на успешната 2021 година!
СледноКороната прави ХАОС во Премиер-лигата, клубовите бараат прекин на сезоната!