Тренерот на Брендфорд: Одложете го цело коло

167

Проблемите со коронавирусот во Англиската Премиер лига се зголемуваат во моментов. Има одложени мечеви, карантини во поедини клубови ситуацијата не е ни малку добра.

Па така, тренерот на Брендфорд, Томас Франк изјави дека според него потребно е да се одложи целото коло во Премиер лигата кое е закажано за викендот како и мечевите од Лига купот.

„Бројот на заразени од коронавирусот рапидно расте во сите клубови. Затоа и сите имаат проблеми. Според мене би требало да се одложи целото коло, се додека ситуацијата не се подобри. Мора да се прекине ланецот на заразени, за да може потое на „Боксинг деј“ може да се одвива по план“ – изјави тренерот на Брендфорд.

Во овој клуб во моментов има 13 заразени од коронавирус.

 

ПретходноИлиески ќе го засили Работнички!?
СледноКардиологот на Агуеро: Ваквиот тип на аритмија се јавувa само кај спортисти