Футсал: Македонија повторно одигра 2:2 со Црна Гора!

201

Попладнево во Скопје, во салата “Борис Трајковски“ футсал репрезентацијата на Македонија против Црна Гора го одигра својот втор пријателски меч. Резултатот беше 2:2, исто како и на вчерашната средба. Ова беше добра контрола за нашите репрезентативци и селекторот Васко Скендеровски за проверка на моменталната форма.

На денешниот меч гостите од Црна Гора имаа водство од 0:2 со головите на Вуковиќ и Видаковиќ, додека во вториот период Македонија со головите на Левски и Рамадани стигна до конечните 2:2 со што се спаси од пораз.

ПретходноЕ.Пелистер 2 со цел плен од Скопје, Цветан Кузманоски го потопи Пролет
СледноХорват ја заврши својата мисија во Автокоманда