Хорват ја заврши својата мисија во Автокоманда

402

Златко Хорват, едно од најзвучните засилувања во македонскиот ракомет во последната година и пол ја завршува својата мисија во дресот на Металург. Хрватскиот ракометар го одигра последниот меч во дресот на тимот од Автокоманда, против Тиквеш постигна 11 погодоци и на најубав можен начин се збогува со соиграчите.

Оваа информација ја соопшти претседателката на клубот, Зорица Блажевска, која му се заблагодари за сето она што го придонесе за Металург.

ПретходноФутсал: Македонија повторно одигра 2:2 со Црна Гора!
СледноДишовска и Миновски ја раскажаа својата непалската авантура на Ама Даблам