Јунајтед го „краде“ Рудигер од Челзи

304

Менаџерот на тимот на Манчестер Јунајтед Ралф Рангник, секако дека посакува да направи одредени промени во тимот кој е склопуван од неколку менаџери на клубот кој седеа на клупата во изминатиот период.

Германецот, според последните информации најпрво посакува да ја засили одбраната, проблематичниот дел од тимот, а изборот е Антонио Рудигер, играчот на Челзи.

Германскиот репрезентативец сеуште не го потпишал новиот договор со Челзи, кој му нуди 140.000 фунти неделна плата, но не и 200.000 колку што бара стоперот.

Па така, тука се вклучија Јунајтед и Рангник кому овие 200.000 секако дека не им се проблем, па Рудигер на крајот од сезоната кога и официјално ќе биде слободен многу веројатно дека ќе се пресели на Олд Трафорд.

 

ПретходноА.Пандев „раскина“ со Бразилецот Каио Лукас Сантос!
СледноЛига Нации: Македонија во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар!