Спортмедиа дознава дека тимот на Работнички во тековнава зимска пауза ќе се засили со екс Македонскиот младински репрезентативец, Дарко Илиески.
Сега веќе екс играчот на Словенечки Копер, од пред неколку дена е слободен играч и според нашите информации се враќа во домашниот шампионат поточно во тимот од Дебар Маало.
Таму веќе на големо се прават промени во играчкиот кадар откако веќе си заминаа стоперите Александар Ристевски и интернационалецот од Белорусија, Александр Позњак.
Илиески со успех настапуваше во екипите на Шкупи, Пелистер, Победа, Металург….