Кардиологот на Агуеро: Ваквиот тип на аритмија се јавувa само кај спортисти

599

Кун Агуеро вчера на официјална прес конференција објави официјален крај на кариерата. Поради проблеми со срцето тој е приморан да стави крај на пребогатата кариера, во која настапуваше за екипите на Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Барселона. Тој нагласи дека неговата здравствена состојба во моментов е таква да едноставно нема друга опција.

Од друга страна пак, неговиот кардиолог, со кој Агуеро е заедно од 2004 година, Мигел Вегас изјави дека ваквиот тип на аритмии каква што се појавила во случајот на Агуеро е типична за спортисти и не може да се појави кај обични луѓе.

„Агуеро има таков тип на артимија, што во некои случаји може да доведе до прекин на работата на срцето. Таков тип на аритмија не може да се развие кај обични луѓе. КАрактеристична е само за спортисти, каде што телото со години е изложено на голем напор“  – изјави Мигел па додаде.

„Серхио има мала лузна на срцето, пократка од милиметар, и истата и ја создава спомената аритмија. Тоа може да се реши со вградување на катетер. Агуеро ќе живее сосема нормално, ќе  може да се бави и со спорт, но само рекреативно. Професионалниот спорт е сосема нешто друго, тоа се огромни напори секој ден и тоа повеќечасовни, а за такви неговото срце во моментов не е подготвено“ – додаде Мигел.

 

 

ПретходноТренерот на Брендфорд: Одложете го цело коло
СледноЛестер – Тотенхем официјално одложена