Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов е нов член на прволигашот од Полска, екипата на Пиаст Гливице. Играчот за врска ја заврши соработката со тимот на Ружомберок од Словачка каде што мина неколку сезони и каде што се стекна со улогата на главен играч. Сега е време за промена, и шампионатот на Полска е следната дестинација за сега веќе стандардниот Македонски репрезентативец.
Во моментов тимот на Пиаст се наоѓа на 12. позиција на табелата секако со амбиција на пролет да се искачи некое место погоре.
Костадинов претходно беше стандарден член на Македонската репрезентација до 21. година, како и на екипите на Злате Моравце, Тетекс, Телеоптик…