Металург во драматичма завршница го совлада Тиквеше на домашен терен со 28-27 во рамките на 15. коло во Супер-лигата. Херојот на тимот од Автокоманда е Велко Маркоски, кој со звукот на сирената постигна гол за голем триумф, вкупно седми сезонава.
Дуелот почна изедначено, по што гостите имаа гол-два предност (5-7). Металург не му дозволи на противникот лесно да зеде замав, по 10-10, со серија од 5-1 на одморот замина со позитива од четири гола (15-11).
Тимот од Автокоманда водеше и со пет гола разлика (17-12 и 19-14). Но гостите најдоа начин како да се вратат во мечот, со три гола во низа израмнија на 23-23 за неизвесна завршница. По голот на Симиќ за 27-27, се чинеше дека ова ќе биде крајниот резултат, но Велкоски во последната секунда ги постави конечните 28-27.
Хорват со 11 гола беше прв стрелец, зад него беше Рибеиро со шест погодоци, кај гостите Дрогришки и Темелков имаа по пет погодоци.