Мерцедес се откажа од тужбата, Верстапен вечерва го добива шампионскиот пехар

116

Откако официјално, и тоа на барање на самиот Луис Хамилтон, тимот на Мерцедес се откажа од тужбата против одлуката Макс Верстапен да биде прогласен за нов Формула 1 шампион, Холанѓанецот вечерва на специјалната церемонија на ФИА ќе го прими пехарот за освоеното прво место.

Мерцедес се одлучи на ваков чекор пред се затоа што самиот Хамилтон изјавил дека не сака титула добиена на „зелена маса“. како втор момент за ваквата одлука се наверува и отворената истрага од страна на ФИА, околу случувањата на последната трка од овогодинешниот Формула 1 шампионат, за Големата награда на Абу Даби, во која Верстапен по неверојатен финиш ја освои титулата.

„Ќе соработуваме со ФИА потполно во овој процес и веруваме дека истиот ќе биде транспарентен, фер и правичен“ – се вели во соопшението на Мерцедес.

 

ПретходноМакедонија минимално против Косово (ВИДЕО)
СледноНишто од враќањето во Вардар: Карачиќ го продолжи договорот со Келце!