Милевски: Групата е тешка, мора да бидеме на највисоко ниво!

504

Македонија ги доби ривалите во Лигата на Нации. Вака на прв поглед се чини дека имаме добра група, тука се Бугарија, Грузија и Гибралтар. Секако дека не очекуваат сериозни дуели, сите тие селекции си имаат свој квалитет, но и Македонија треба да се респектира.

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски за тоа како тој ја гледа групата – 4, во која е и нашата репрезентација, истакнува:

Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови“ вели тој и продолжува…

Нѐ очекуваат сериозни натпревари. Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против Европскиот првак, Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група“

Милевски смета дека Македонија мора да одигра најдобро што може на овие натпревари:

Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар. Денешниот фудбал, едноставно не трпи поинаков пристап.

Сѐ што ќе бараме од фудбалерите и целиот наш тим е максимално залагање на сите натпревари“.

ПретходноЌе биде „жешко“: Италија, Германија и Англија во иста група во Лига Нации!
СледноБугарите најавуваат ЖЕСТОКО дерби со Македонија, нивниот селектор е среќен од ждрепката!