Килде со трета победа сезонава во Светскиот Куп

106

Норвешкиот скијач Александар Амод Килде победи на супервелеслаломот од Светскиот куп во Вал Гардена што се возеше денеска. Ова е негова трета победа сезонава. На почетокот на декември во Бивер Крик, САД, за два дена славеше во супервелеслалом и спуст.

Второто место му припадна на Австриецот Матијас Мајер , кој го презеде водството во поредокот за супервелеслалом. На третото место беше уште еден Австриец, Винсент Крихмаер, со заостанување од 27 стотинки.

Во генералниот пласман, Марко Одермат остана на чело со 453 бодови, пред Матијас Мајер со 390.

ПретходноПо 12 години: Жан Тод веќе не е прв човек на ФИА
СледноСП: Блескаво второ полувреме и ново финале за Норвешка