По 12 години: Жан Тод веќе не е прв човек на ФИА

198

По 12 години како претседател на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА), Жан Тод од денеска има нов наследник. Станува збор за поранешниот рели-возач од Обединетите Арапски Емирати, Мохамед Бен Сулејем.

Бен Сулејем на тој начин стана првиот неевропски претседател на автомобилстичката федерација.

60-годишниот Бен Сулејем доби 61,62 отсто од гласовите, додека неговиот единствен противкандидат во претседателската трка, Британецот Греам Стокер, доби 36,62 отсто од гласовите.

ПретходноБитолчани доминантно низ Радовиш
СледноКилде со трета победа сезонава во Светскиот Куп