Баерн „гази“, Левандовски го мина и Герд Милер (ВИДЕО)

179

Германскиот шампион Баерн (М) без посебни проблеми ја прокнижи и 14-тата сезонска победа, откако вечерва на домашен терен го совлада Волфсбург со убедливи 4:0.

Баварците како големи фаворити и влегоа во мечот, па по само 7 минути со голот на Милер поведоа со 1:0. По паузата, домашните во краток период успеаја да постигнат уште два гола преку Упамекано и Сане за водство од 3:0, за конечните 4:0 да ги постави Левандовски во 87. минута.

Мечот ќе остане запаметен по 43. гол на Левандовски во Будеслигата во оваа календарска 2021 година со што го подобри досегашниот рекорд на легендарниот Герд Милер од 1972 година во која тој имаше 42 гола во германската фудбалска елита.

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

ПретходноСП: Блескаво второ полувреме и ново финале за Норвешка
СледноИнтер со „петарда“ во Салерно си го потврди местото на врвот во Серија А (ВИДЕО)