Беса остана без тренер: Бујар Ислами си поднесе оставка!

416

Бујар Ислами од денеска не е веќе тренер на Беса, клуб кој оваа сезона се натреварува во Втората лига – запад. Како што и самиот изјави за „Спортмедиа“ и покрај размислувањата од негова страна, дали да остане и во пролетниот дел, или пак не, тој се реши сепак да си замине.

Да потсетиме дека некогашниот успешен стратег на Ренова, екипа која ја однесе и во Европа, на кормилото на Беса дојде на 8 октомври оваа година. Целта беше јасна, тимот да има подобра игра и подобри резултат. Тој успеа во тоа, но сепак си оди.

Па, морам да се знае дека Беса е добро организиран клуб за наши услови. Нема никакви проблеми, сепак едноставно не успеавме со раководството на клубот да се договориме за амбициите во пролетниот дел. Пред се за засилувањата. Токму тоа е причината која ме натера мене да си заминам од Беса, ништо друго. Познато е дека ВМФЛ – ЗАПАД е силна, квалитетна лига. И затоа мора и адекватно да се засилиш. Се разбира дека на сите во клубот им посакувам се најдобро, уште подобри резлтати. За Беса секогаш ќе ме врзуваат убави спомени“ ни изјави Ислами.

ПретходноАлекс Телес е желбата на Барселона
СледноМирчевски е “кралот“ на головите во есенската полусезона!