И Е.Пелистер оваа година ја завршува победнички. Битолчани на гостувањето кај Радовиш славеа со убедливи и двоцифрени 25-34 во меч од 16. коло во Супер-лигата.
Избраниците на Жељко Бабиќ лесно дојдоа до целиот плен, неизвесност на оваа средба имаше само на почетокот, кога домаќинот успеа и на кратко да поведе (3-1). Гостите ја искористија својата надмоќност за кратко време го превземаа водството, кое на одморот изнесуваше 12-19.
Костески со девет гола го предводеше Е.Пелистер до убедлива поебда, втор стрелец беше Павлетиќ со пет погодоци. Кај Радовиш, Вујниќ постигна шест гола.
Е.Пелистер има ист скор како и Вардар, 14 победи, едно реми и пораз. На другата страна Радовиш го запиша 15. пораз, има само еден триумф.