Одличните игри на Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров во тимот на Черно море изминатат полусезона, не останаа незабележани во Бугарија. Медимите таму контантно во метнуваат стоперот во најдобрите единаесет, а во тимот на Черно море веќе на големо пристигнуваат понуди за дефанзивецот.
Една од нив е од тимот на Ботев Пловдив кој отворено веќе посакува да го доведе Дробаров во своите редови и сериозно да се засили во одбраната.
Интересно е што двата тима се во жестока битка за пласман на табелата и имаат ист број на бодови. Тоа значи дека Ботев оди на проверената варијанта во светот на фудбалот, а таа е, ако не можеш да го победиш противникот, ослабни го со тоа што ќе му го купиш најдобриот фудбалер.
Дробаров инаку во моментов има 29. години и има солидно интернационално искуство со настапи во Кипар, Ерменија, Мексико….