Вардар 1961 ја оправда улогата на фаворит против Бутел Скопје, на последниот меч од оваа година, славеше со убедливи 36-21 за 14. победа оваа сезона.
Неизвесност имаше само во првото полувреме, период во кој гостите имаа сили да му се спротистават на актуелниот македонски првак. Бутел Скопје водеше со 2-4 и 4-6. Вардар за кратко време ја превзема контролата, на одморот замина со плус три (18-15). Во вториот дел „црвено-црните“ целосно доминираа, брзо „набилдаа“ безгрижна позитива за мирен финиш.
Моралес, Дибиров и Џукиќ беше ударното трио на Вардар, постигнаа по пет погодоци, Тот со осум гола беше најдобар на теренот.
Металург без Златко Хорват не ја преживеа Струга. Нецели 24 часа по триумфот над Тиквеш на домашен терен, тимот од Автокоманда капитулираше на гости кај стружани беше совладан со убедливи 35-21.
Домашните ракометари поведоа со 8-4, на полувремето имаа водство од 17-9, до крајот без проблем го привршија мечот во своја корист. Во вториот дел дојдоа и на двоцифрени 26-14.
Барјактаревиќ со 10 гола беше најефикасен кај домаќинот, Аксентиев на другата запиша седум гола.