Готово е: Барса го договори Кавани, се чека само “ДА“ од Јунајтед!

235

Еден проблем помалку за Барселона, односно за Чави, стратегот на каталонците. Имено како што јавуват попладнево каталонските медиуми, Барселона успеала да се договори со Единсон Кавани, искусниот репрезентативен напаѓач од Уругвај. Него му е понудн договор до јуни 2023 година. „Ел Матадор“ не е задоволен од статусот на „Олд Трафорд“ и смета дека Барса за него, со Депај во тандем, ќе биде идеално решение за него. Тој дури не се сложил да зема помалку пари, само да игра.

Сега останува само тоа „ДА“ од Манчестер Јунајтед со оглед на тоа дека Кавани сеуште е под договор со клубот од Премиер – лигата.

Што се однесува од Барса, ново е тоа што нема ништо од трансферот на Алексис Санчез од Интер, или подобро кажано нема ништо од позајмицата. И покрај напорите не успеало да се дојде до договор.

ПретходноДобри вести за Новак: На Австралија опен може да настапат и невакцинирани тенисери!
СледноФантастично: Гигантски мурал на Меси во родниот Росарио!