Борусија го победи Гројтер Фурт со 3-0 во Дортмунд, а Ерлинг Халанд повторно ја затресе противничката мрежа.
Навивачите на Борусија се загрижени за неговиот гест на крајот од натпреварот. Тие, како и повеќето странски медиуми тврдат дека Халанд се простил со нив по завршувањето на споменатиот дуел.
21-годишникот долго време остана на теренот, го обиколи целиот стадион, се заблагодари на секоја од трибините каде што беа сместени фановите, а за возврат доби овации. И додека навивачите на Борусија, некои од нив, се тешат дека тоа го направил затоа што годината кога се во прашање домашните натпревари заврши, други тврдат – тој си заминува.
Нивната загриженост е целосно оправдана со оглед на тоа што Халанд во моментов е најбараниот играч во светот, до сега се спомнуваше само можен трансфер на лето, а не во текот на јануарскиот преоден рок.
Во секој случај, ќе биде невообичаено навивачите во Дортмунд да го следат својот тим без норвешкиот голгетер да собори рекорди.
Во трка за неговите услугите се најголемите тимови во Европа, фоколку некој навистина го сака ќе треба да издвои околу 400 милиони евра, што ќе биде проблем и за најбогатите клубови.