Добри вести за Новак: На Австралија опен може да настапат и невакцинирани тенисери!

204

Се чини заврши сагата околу тоа дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен или не. Имено последните вести кои доаѓаат од овој далечен континент, а во пресрет на првиот Гренд Слем, турнир за следната година, велат дека организаторот има намера да го смени правилото и дека ќе дозволи и невакцинирани тенисери на можат да настапат.

Имено организаторот на овој голем тениски турнир ќе основа специјален Одбор од три лица, во кои ќе бидат и лекар од општа пракса, имунолог и епидемиолог.

И секој тенисер кој нема да биде вакциниран, а сака да настапи на АО, ќе мора пред овој Одбор да се произнесе зошто не е вакциниран. Неговото име нема да биде соопштено во јавноста, единствено само ако тој сака тоа да го стори.

Оваа вест ја потврдија оганизаторите на турнирот, тие сметаат дека имаат намера АО да биде турнир на кој ќе настап сите најдобри тенисери во светот во тој момент.

Секако дека ова е добра вест за Србинот и тенисерот бр.1 со години наназад. Познато е дека тој беше еден од оние кои одбиваше да се вакцинира.

ПретходноВардар лесно со Бутел, „колапс“ на Металург во Струга
СледноГотово е: Барса го договори Кавани, се чека само “ДА“ од Јунајтед!