Ериксен и официјално повеќе не е играч на Интер

179

Она што одамна се знаеше денеска доби и официјализација. Кристијан Ериксен не е повеќе играч на Интер, откако со спогодба овие две страни ја раскинаа соработката.

Ваквиот развој на настаните секако дека е очекуван со оглед на фактот што Ериксен не смее повеќе да настапува во Серија А, со оглед на вградениот дефибрилатор во срцето. Тој колабираше на мечот од Европското првенство минатото лето, светот занеме за момент, но за оромна среќа Ериксен потполно се опорави и му се враќа полека на фудбалот.

Данскиот репрезентативец со сигурност оваа зима ќе има нов клуб.

 

ПретходноСелекторот предаваше на обуката за ПРО диплома
СледноЛазаров го објави скратениот список, Македонија закажа тестови со Кувајт и Израел