Лазаров го објави скратениот список, Македонија закажа тестови со Кувајт и Израел

267

Селекторот на македонската раометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави скратениот список за Европското првенство 2022. Тој се одлучи за 24 имиња.

Прозивката Лазаров ја закажа за 22. овој месец во 12.00 часот во Хотел Александар Палас.

Македонската репрезентација веднаш ќе замине за Маврово каде ќе биде одработен првиот дел од подготовките.

За време на припремниот период пред настап за ЕП во Унгарија и Словачка, македонската селекција ќе одигра пријателски контролни натпревари со Кувајт и Израел.

Натпреварите со Кувајт ќе бидат одиграни во рамки на првиот дел од припремиот период во Маврово на 27 и 29 декември 2021 година, додека контролните натпревари со репрезентацијата на Израел ќе бидат одиграни во Скопје во Спортски центар Борис Трајковски на 03 и 4 Јануари 2022 година за време на вториот дел од подготовките.

Македонската репрезентација на Европското првенство MEN’S EHF EURO 2022 се натпреварува во група А заедно со националните селекции на Словенија, Данска и Црна Гора, натпреварите ќе бидат одиграни во FONIX ARENA во Дебрецен, Унгарија.

Натпреварите на македонската ракометна селекција на Европското првенство EHF EURO 2022 се со следниот распоред:

13.01.2022           SLO-MKD             18.00 часот

15.01.2022           MKD-MNE           18.00 часот

17.01.2022           MKD-DEN            20.30 часот

СПИСОК

ПретходноЕриксен и официјално повеќе не е играч на Интер
СледноСтивен Петковски за роденден освои милионер ЏЕК ПОТ вреден 1.572.591