По само една победа во последните три настапи, фудбалерите на Лацио конечно успеаја да прокнижат нов триумф и тоа на отворањето на 18. коло на италијанската Серија А. На домашен терен, „римските орли“ вечерва беа подобри од Џенова на нашиот Пандев со убедливи 3:1 и со тоа успеаја да дојдат до осмата сезонска победа.
Џенова одигра уште еден очаен меч во кој практично беше без шанси за успех. Пандев беше стартер за гостите и одигра 60 минути. Лацио поведе преку Педро во првиот дел, а во второто полувреме Ачерби и Закањи само ја „забетонираа“ победата.
Почесниот гол за Џенова го постигна Мелегони во 86. минута.
Standings provided by SofaScore LiveScore