Металург вчера во Автокоманда, денеска во Струга

117

Машката Супер-лига продолжува во турбо ритам. Денеска ќе се одиграат три меча од 16. коло, последно од оваа календарска година.

Металург нецели 24 часа по триумфот над Тиквеш, денеска на мегдан ќе излезе против Струга. Тимот од Автокоманда е гостин на оваа средба, која е закажана со почеток во 17 часот. Ова ќе биде одлична шанса за скопскиот состав да дојде нови бодови во битката за шестото место на табелата.

Во истиот термин, Вардар е домаќин на Бутел Скопје. По ремито во Битола, актуелниот македонски првак останува да дојде до нови бодови со цел да продолжи да чекори кон одбраната на круната.

Најголемиот конкурент на скопскиот состав, Е.Пелистер ќе има полесна задача, му гостува на Радовиш (19:30 часот).

ПретходноБугарија доби ДАТУМ кога да учи фудбал од Македонија!
СледноБотев „гризе“ за Влатко Дробаров