Одложени уште четири меча во Премиер-лига

266

Премиер-лига одлучи да одложи уште четири меча ова коло поради појава на новиот сој на коронавирус во клубовите.

Во текот на оваа недела поради омикрон не се одиграа три дуели (Брентфорд – Јунајтед, Барнли – Ватфорд и Лестер – Тотенхем), овој викенд нема да се одиграат најмалку четири натпревари. За сабота се одложени четири од шест меча на програмата, засега треба да се одиграат дуелите меѓу Астон Вила – Барнли и Лидс – Арсенал.

Одложени се средбите меѓу Јунајтед – Брајтон, Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас и Вест Хем – Норвич, а во недела нема да се игра мечот меѓу Евертон – Лестер. Нема да биде чудно доколку се одложи и целото коло.

Премиер-лигата неодамна одлучи дека нема да одложува натпревари поради омикрон, но притисокот беше голем, дел од клубовите немаа доволно здрави играчи.

ПретходноДали Халанд се збогува со фановите?
СледноФиладелфија без решение за Кевин Дурент (ВИДЕО)