Ојлески после четири години се враќа во дресот на Македонија

683

Гоце Ојлески е едно од изненадувањата на селекторот Кирил Лазаров за претстојното Европско првенство 2022 година.

Предводникот на нашиот национален тим го скрати списокот на 24 имиња, на него се најде ракометарот на Е. Пелистер.

32-годишното лево крило последен пат дресот на Македонија го носеше на Светското првенство 2017 година во Франција, на кое Македонија заврши на 15 место.

Оваа одлука доаѓа по повредата Дејан Манасков, кој нема да настапи на ЕП.

Македонија првиот меч го игра на 13 јануари против Словенија, два дена подоцна се среќава со Црна Гора, групната фаза ја затвора против Данска, на 17 јануари.

ПретходноСтивен Петковски за роденден освои милионер ЏЕК ПОТ вреден 1.572.591
СледноКлоп: Не го очекував ова од Челзи