По 12 години како претседател на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА), Жан Тод од денеска има нов наследник. Станува збор за поранешниот рели-возач од Обединетите Арапски Емирати, Мохамед Бен Сулејем.
Бен Сулејем на тој начин стана првиот неевропски претседател на автомобилстичката федерација.
60-годишниот Бен Сулејем доби 61,62 отсто од гласовите, додека неговиот единствен противкандидат во претседателската трка, Британецот Греам Стокер, доби 36,62 отсто од гласовите.