Специја пред своите навивачи е поразена со 2-0 од второлигашот Лече и остана без пласман во осминафиналето во Купот на Италија.
Тимот на Тијаго Мота играше лошо во првенството, фановите не веруваа дека ќе имаат и проблем со тим од Серија Б во Купот.
За време на натпреварот ги исвиркуваа домашните играчи, а кулминацијата се случи откако судијата означи крај. Навивачите застанаа пред капијата, не им дозволија на фудбалерите и стручниот штаб да си заминат дома.
Во домашното првенство Специја е на 17. место на табелата со 12 бода и тоне од ден во ден. На прашањето на новинарите дали планира да поднесе оставка, Мота побара од новинарите да му постават друго прашање.
Овој тим последната победа ја оствари на почетокот на ноември против Торино, од тогаш има пет порази и едно реми.