СП: Блескаво второ полувреме и ново финале за Норвешка

125

Светските вицешампионки од 2017-тата, ракометарките на Норвешка, ќе и бидат противник на Франција во големото финале на Светското пренство во Шпанија. Вечерва, Норвешка славеше над домаќинот на Мундијалот со 27:21 и обезбеди четврто финале на светските шампионати во последните 10 години.

Норвежанките во текот на целиот меч одиграа на ниво, за разлика од Шпанија која имаше неколку падови кои на крајот ја чинеа место во мечот за златниот медал. Норвешка во голем дел од првото полувреме имаше предност, но на пауза се замина со нерешени 11:11.

Вториот дел Норвешка го отвори одлично и за кусо време имаше предност од три гола (15:12). Шпанија како да падна во духот и темпото, па дозволи Норвежанките континуирано да ја зголемуваат разликата, па во последните 7-8 минути Скандинавките влегоа и со 6 гола предност (23:17). Тука веќе стана јасно дека Шпанија нема што да бара до крајот на средбата.

Нора Морк со 8 и Дале со 7 гола беа предводнички на скандинавките до победата и неделното финале со Франција. Шпанките ќе мора да се помират со малото финале против Данска и битката за бронзата.

ПретходноКилде со трета победа сезонава во Светскиот Куп
СледноБаерн „гази“, Левандовски го мина и Герд Милер (ВИДЕО)